Вардар и Работнички го отвораат 7. коло од ракометниот плејоф

Со дуелот во кој актуелниот шампион Вардар ќе биде домаќин на Работнички денеска ќе биде отворено 7. коло во плејоф конкуренцијата во ракометното првенство на Македонија.

Вардарци кои досега имаат максимални шест победи на исто толку одиграни натпревари, важат за апсолутни фаворити во дуелот со екипата која досега нема освоено ниту еден бод во плејоф разигрувањето.

Натпреварат Вардар – Работнички ќе се игра попладнево од 13 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Останатите два натпревари од ова коло ќе се играат утре (сабота), а двојките се Охрид – Металург и Прилеп – Макс Струмица.

На табелата прв е Вардар со 18 бодови (6 натпревари), а следат Металург со 15 (6), Макс Струмица со 12 (6), Прилеп со 6 (6), Охрид со 3 (6) и Работнички со 0 (6).