Вардар вечерва успеа да го запише првиот бод против Розенборг во последното коло во Лига Европа, а овој прв историски бод за црвено-црните донесе 120 илјади евра во касата на вардарци.

Црвено-црните, кои за најголемиот клупски успех во историјата на Македонија заработија 3.6 милиони евра, од кои еден милион во квалификациите за Лигата на шампионите и 2,6 милиони за пласманот во Лига Европа, сега освојуваат и паричен бонус за ремито денеска. Се очекува касата да се пополни и со дел од колачот за маркетинг и ТВ-права.

Вардар дебитантската сезона во Лига Европа ја завршува со едно реми и пет порази и гол-разлика 3-20.