Вардар го „реши“ и Рајн Некар и останува најдобар тим во ЛШ

Вардар одигра уште една фантастична партија во Лигата на шампионите и го победи Рајн Некар со 30-26 во дербито на колото.

Раул Гонзалез ја научи лекцијата од минатата сезона и одлично се справи со тактиката на Германците. Вардар играше на највисоко ниво во текот на сите 60 минути и на крајот заслужено се радуваше на победата.

Вардар тргна силно уште од самиот старт, Рајн Некар веднаш почна да ја употребува тактиката 7 на 6, но македонскиот шампион го имаше лекот. Црвено-црните доминираа, а Вико Борозан со неколку торпеда беше ракометарот кој блескаше. Нашиот тим постојано водеше, на одморот се замина со предност од 17:13.

Во второто полувреме Вардар не дозволи противникот да се понадева на успех, ја одржуваше предноста за на крајот да слави со 30-26.

Најдобар стрелец за Вардар беше Вуко Борозан со седум голови, Чупиќ постигна шест, Криштопанс пет. Одлична партија на голот имаше Арпад Штербик.

Со овој триумф Вардар се одлепи на врвот, сега е единствен непоразен во групата А и има четири бода предност пред Рајн Некар.