Вардар го доби и шампионскиот пехар во Македонија

Вардар ги пролсави со навивачите сите четири шампионски титули колку што освои сезонава.

Ракометарите на Вардар по освоената титула во Лигата на шампионите, го одбранија и домашниот трон, освојувајќи ја 11-та титула во клупската историја.

Вардар, вчеравечер во Велес, го победи Борец 36:28, а потоа во својот дом, во СЦ „Јане Сандански“, пред околу 3.000 свои фанови ги прослави сите трофеи кои го освои оваа сезона: Купот и првенството на Македонија, регионалната СЕХА Гаспром лига и Лигата на шампионите.

Прославата Вардар ја искористи и да им се заблагодари на тренерот на голманите Симиќ и играчите Ангелов, Деревен и Душебаев кој ќе го напуштат тимот.

Сопственикот Сергеј Самсоненко во своето кусо обраќање изрази голема благодарност до играчите, стручниот штаб, клупската администрација, новинарите и навивачите за историската сезона.