Вардар е пример како треба да изгледа ракометната одбрана

Челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ) на неполни две недели до почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, направи анализа на тимовите со најдобри десет одбрани, но според резултатите од минатата сезона.

За нас најинтересно е тоа што актуелниот европски шампион Вардар е рангиран на највисокоро место.

Во кусиот опис на интернет страницата на ЕХФ, стои дека актуелниот шампион е училишен пример за тоа како треба да изгледа ракометна одбрана. Супериорна е во сите три аспекти: тактички, физички и ментално. Тоа не е само поради ѕидот кој го создаваат Илија Абутвоиќ, Мијајло Марсениќ, Вуко Борозан, туку и останатите играчи.

Според ранкингот на ЕХФ, по Вардар се наоѓаат: ПСЖ, Киелце, Рајн Некар Ловен, Загреб, Кил, Фленсбург, Пик Сегед, Барселона, Веспрем.