Вардар домаќин на Динамо во второто коло од Лигата на шампиони

Вкупно десет натпревари ќе се одиграат вечерва од второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Еден од овие дуели ќе се игра во Скопје каде Вардар го пречекува учесникот од Лигата на шампионите од лани хрватскиот првак Динамо Загреб. Почетокот на дуелот на Националната Арена „Филип Втори“ е во 20 часот и 45 минути.

Покрај овој дуел играат уште: 
Зрињски – Легија, 
Динамо Тбилиси – Алашкерт, 
Карабах – Дуделанж, 
Хапоел Бер Шева- Тираспол, 
БАТЕ Борисов – СЈК, 
Линколн – Селтик, 
ТНС – АПОЕЛ, 
Ла Валета – Црвена Звезда и 
Салцбург – Лиепаја.

Утре се играат седум натпревари. Двојките се: 
Розенборг – Норчепинг, 
Жалгирис – Астана, 
Лудогорец – Младост Подгорица, 
Крусадерс – Копенхаген, 
Партизани – Ференцварош, 
Олимпија – Тренчин и 
Дундалк – Хафнархјордур.