ВАНИЛА КОЛАЧ: Едноставно, евтино и брзо!

Едноставен и евтин колач, а вкусот е фантастичен.

Потребни состојки:

За тесто:

4 јајца

15 лажици шеќер

15 лажици брашно

15лажици масло

15 лажици млеко

2 кесички ванилин шеќер

1 кесичка прашок за пециво

За фил:

2 пудинга од ванила

500 мл млеко

1 шолја шеќер

2 кесички ванилин шеќер

За посипување:

Шеќер

Изматете тесто од наведените состојки. Пoловина oд тестото истурете го во тава која претходно сте ја замастиле и ставете ја во рерна малку да се запече околу 5 минути на 180 С.

За тоа време припремете го пудингот како на упатството од кесичката. На вас оставаме ако сакате да си додадете некое овошје.

Ако имате стапче од ванила користете го него наместо ванила од кесичка бидејќи е уште поубаво. Така што ванилата ќе ја ставите во млекото.

Потоа врз малку печената кора истурете го се уште врелиот пудинг, па другата половина од тестото прелијте ја преку пудингот. Вратете ја во рерна и колачот испечете го до крај.

Додека се уште е врел колачот посипете со кристали шеќер.

Добар апетит!

air max 90 essential sale