„Ван Гог“ на „Ентер фест“ во Скопје

Српскиот рок-бенд „Ван Гог“ е еден од учесниците на годинашниот прв „Ентер фест“. Фронтменот на бендот, Ѓуле Ван Гог преку видео-порака ги повика сите љубители на добрата музика да дојдат во Скопје на големиот музички фестивал.

„Скопје, те сакаме. ‘Ентер фест’ на 29 мај. Дојдете заедно да рокаме и роламе“, вели тој во пораката.

„Ентер фест“ ќе се случува од 29 мај до 2 јуни и на едно место ќе ги собере некои од најголемите музички бендови, диџеи и пејачи од балканските простори. Преку 50 концерти ќе се одржат на две сцени во и пред арената „Борис Трајковски“. Билетите се пуштени во продажба и чинат 990 денари за сите пет фестивалски дена.