Ваква поплава во Скопје имало во 1962 година, една година пред катастрофалниот земјотрес (ФОТО+ВИДЕО)

Најголемото невреме кое до сега го погоди Скопје, донесе голема поплава низ целиот град, однесе 15 човечки животи, неколкумина се сметаат исчезнати.

Постарите жители на населбата Ченто велат дека ваква поплава немало од 1962 година.

„Последна поплава како оваа што ја памтам јас е онаа на 16 ноември 1962 година, страв ми е доаѓа нешто како во 1963 година“, вели жителката на населбата Ченто.

16 ноември 1962 година е денот кога Скопје беше погодено од катастрофални поплави, кои настанаа поради обилните врнежи, поради кои Вардар се излеа од тогаш нестабилното корито.

По таа полава немало жртви, но имало големи материјални штети, поплавени биле 5.000 куќи. Поплава како да била најава за уште поголема катастрофа, страшниот земјотрес на 26 јули 1963 година.