Вака се однесуваат жените на кои им недостасува секс

Ова прашање, веројатно многу ги интересира сите мажи, затоа што, кога би знаеле како да препознаат жена на која ѝ треба секс, сигурно би имале барем дупло повеќе успех.

Колку и да се таинствени жените, сепак не можат толку вешто да сокријат дека долго време немале секс и чезнеат за машки допир. Секако, потребно е остро око и малку знаење.

Сите знаеме дека сексот е здрав и дека исцелително делува и на мажите и на жените. Но, да се задржиме кај жените. Како што лесно се препознава дека жената е задоволна, односно дека минатата ноќ сигурно имала секс, така може да се дознае и кога долго време немала секс и тоа токму по спротивните карактеристики.

Значи, жената на која ѝ фали секс, колку и да се труди да го сокрие своето незадоволство, ќе се издаде со говорот на своето тело и константното нерасположение.

Сексот делува релаксирачки, па жената која е сексуално исполнета ќе биде опуштена и тоа ќе се забележува во нејзиниот од, односно ќе ниша со колковите кога оди, додека жената на која ѝ фали секс ќе изгледа стегнато.

Потоа, поради недостатокот на окситоцин, хормон кој се лачи при оргазам, а делува како природен седатив, жената која нема секс ќе има лош ден и ќе биде ненаспиена.

Ако апстиненцијата потрае долго, ќе почнат да се гледаат посериозни последици од недостатокот на сон и жената може да изгледа постара од она што навистина е.

Сексот е еден од главните причинители за лачење на хормонот на среќа – ендорфин. Поради недостатокот на овој хормон, жените може да бидат многу нервозни и често да имаат изливи на бес кон луѓето кои само „лошто“ ги погледнале.

На крајот, недостатокот на секс значајно влијае и врз самодовербата, па жените на кои им фали секс, ќе имаат недостаток на самодоверба.