Вака се краде од кафеана во центарот на Скопје (видео)

Корисник на Фејсбук од Скопје викендов објави фотографии и видеоснимки од сигурносни камери на еден скопски ресторан, на кои се возрасен маж како „оперира“ по скопските кафеани. Во коментарите на постот уште неколку лица потврдуваат дека истиот човек им украл и ним паричник, а неодамна од него била ограбена девојка која седела во скопско кафуле. Лицето наводно и било познато на полицијата, но дека досега пријавата не вродила со резултат.