В недела дел од Центар без вода

Во недела, 18 февруари, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „11. Октомври“ на потегот од булеварот „Кочо Рацин“ до стара рампа, од 9 часот до санирање на дефектот во Општина Центар.

ЈП „Водовод и Канализација“ информира дека прекинот ќе биде поради дефект на водоводна цевка со пречник 225 мм на улицата „11-ти Октомври“ бр. 30, во населбата Центар.