„В џеб, ако нема каде друго“ денеска на Водно

Активисти на Движењето ЛЕАД ќе го реализираат нивниот проект „В џеб, ако нема каде друго“, денеска од 15 часот, на Водно. Учесниците на ЛЕАД со поддршка на волонтери, ќе го чистат Водно од отпадоци.

Целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи капи со слоганот „В џеб, ако нема каде друго“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.