Утрово згасна уште еден млад живот: Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово

Во сообраќајна незгода која утрово се случи на автопатот помеѓу Скопје и Тетово животот го загуби А.Д. роден 1977 година од Тетово.

Сообраќата се случила во периодот помеѓу 6 и 8 часот во близина на безинската пумпа „Два Браќа“ кога загинатиот управувал со моторно возило марка БМВ изгубил контрола и излетал од патот.

По сообраќајната незгода А.Д. починал на лице место. Министерството за внатрешни работи најавува повеќе детали за текот на денешниот ден.