Утрово се преврте возило со три лица во Карпош - пожарникарите интервенирале на лице место

Сообраќајна несреќа се случи утринава во Скопје во близина на Катастарот во Карпош, објавува Вечер.

Едно од возилата се превртело, па пожарникарите биле повикани да интервенираат. Како што информираше командатот на Бригадата за противпожарна бригада Владимир Симоновски во превртеното возила имало тројца патници, но тие не биле заглавени.

-Пожарникарите не мораа да интрервенираат со алат за сечење на возилото. Успеаја да ги извлечат патниците. За среќа сите се добро, објасни Симоновски.