Утрово пониска загаденост, Ѓорче и Миладиновци со најлош квалитет на воздух

Релативно високите температури за овој период од годината, за среќа на скопјани, го држат загадувањето на воздухот на нешто пониско ниво кое утрово во Скопје е во близина на дозволената граница. Ѓорче Петров и Миладиновци утринава се со најлош квалитет на воздухот - 47 и 42 ПМ 10 микрограми на кубен метар.

Да државно ниво, денеска најлош воздух се дише во Куманово 61 ПМ 10 микрограми на кубен метар.