Релативно високите температури за овој период од годината, за среќа на скопјани, го држат загадувањето на воздухот на нешто пониско ниво кое утрово во Скопје е во близина на дозволената граница. Ѓорче Петров и Миладиновци утринава се со најлош квалитет на воздухот - 47 и 42 ПМ 10 микрограми на кубен метар.
Да државно ниво, денеска најлош воздух се дише во Куманово 61 ПМ 10 микрограми на кубен метар.