Утрово најзагадено е кај Ректорат

И оваа утро воздухот во Скопје е загаден. Уште од рано наутро скопјани се гушат. 

Според мерните станици, воздухот е најзагаден кај Ректоратот, а веднаш после него се Карпош и Миладиновци, па следи скопската општина Гази Баба, потоа Тетово и Ѓорче Петров.

Количеството на ПМ10 честички измерени кај Ректоратот изнесува 141 µg/m3, а потоа следува Карпош со загаденост од 117 µg/m3.