Утрово гореше автомобил кај трговскиот Лептокарија

Патничко возило „Ауди Q-5“ со скопски регистарски ознаки,  кое му припаѓа  на 45-годишниот Т.Б. од Скопје, од засега непознати причини било опожарено рано изутрината во близина на Трговскиот Центар „Лептокарија“.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 03 часот и 15 минути на улицата „Никола Русински“ во Скопје.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.