Утрински преглед: Временска прогноза, состојба со сообраќајот, дефекти на вода и струја во Скопје

Времето денеска во утринските часови ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, а на планините ќе има слаб снег. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, информира УХРМ.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, ќе има за време на викендот. Пообилни врнежи ќе има в сабота.

Дневната температура денеска ќе се движи од 0 степени во Маврово до максимални 16 во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од 5 до 13 степени.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овие утрински часови сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници се одвива непречено и без застој, со особено намален интензитет на фреквенцијата на возила.

Поголем број возила во овој период од денот ЦУКС евидентира долж булеварот Кузман Јосифовски Питу од Аеродром кон Центар, долж мостот Гоце Делчев во насока на движење од крстосницата со улица Филип Втори Македонски кон булевар Илинден,но и обратно, долж булеварот Александар Македонски во насока на движење влез на Скопје кон клучката Континентал, како и долж булеварот Свети Климент Охридски и улицата Свети Кирил и Методиј кон булевар Мајка Тереза.
(Известувањето се однесува за состојбата во сообраќајот во 8:20 часот, за ден 08.02.2018 четврток)

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска поради уличен дефект од Ф-700мм на улица „Христо Татарчев“ бб кај кружниот тек, во населбата Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците во дел од Кисела Вода.

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Северна зона Југ, Бул.Борис Трајковски од крак 2 до крак 10, Супер Тинекс, Рамстор и бензиска пумпа, дел од Христо Татарчев, и дел од населба Кисела Вода.

Можно е со намален притисок да бидат населба Аеродром и Ново Лисиче висока зона, од 08:30 часот до санирањена дефектот.

Без електрична енергија во четврток ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош.

Исклучувања на електро системот денеска од 8:00 до 12:00 часот ќе има во викенд населбата Веле Поле, во општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 14:00 часот на ул.„Киро Фетах -1“ во населба Драчево, општина Кисела Вода.

Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од бул. „Партизански Одреди“ бр.82 Макпетрол, а од 9:00 до 10:00 часот корисниците од ул. „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош.