Утрински преглед: Состојба со сообраќајот, дефекти на вода и струја во Скопје

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овие утрински часови сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници се одвива непречено и без застој, со особено намален интензитет на фреквенцијата на возила.

Поголем број возила во овој период од денот ЦУКС евидентира долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во насока на движење од населба Козле кон Центар, долж булеварот Кузман Јосифовски Питу од Аеродром кон Центар, долж мостот Гоце Делчев во насока на движење од крстосницата со улица Филип Втори Македонски кон булевар Илинден, долж булеварот Александар Македонски во двете насоки на движење и кон излез на Скопје,но и од влез кон клучката Континентал, како и долж булеварот Свети Климент Охридски и улицата Свети Кирил и Методиј кон булевар Мајка Тереза.

(Напомена: информација се однесува за состојбата во сообраќајот во 8:20 минути на ден 07.02.2018 година, среда)

Од Водовод известуваат дека на ден 07.02.2018 г, поради уличен дефект ф-200мм на ул.Христо Татарчев бб (спроти Кам), прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица, О.У.-Круме Кепески, исто така дел од нас. Кисела Вода ќе биде со намален притисок до завршување.

Телефон за информации: 023073010

Без електрична енергија денеска од 8:30 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Васил Ѓоргов“, кај Цветниот пазар.

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Самоилова“, од теќето до џамијата и населбата Дуќанџик, општина Чаир.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.