Утрински поздрави од Цементарница Усје

Додека скопјани мака мачат со загадувањето во зимските месеци, граѓаните во недостаток на активности и санкции на терен преку социјалмите мрежи ги лоцираат загадувачите. Фотографијата е регистрирана во понеделникот рано наутро околу 06 часот, а на неа јасно може да се види дека додека повеќете граѓани спијат, оџаците на Цементарница Усје и тоа како чадат.

За потсетување, зборуваме за истата компанија која оствари 56,3 милиони евра приходи од продажба за првите девет месеци годинава, според официјалните податоци од неревидираниот извештај достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.