За градот
12. Јануари 2017 - 9:43

Утрински поглед на Скопје: температура, состојба со сообраќајот, дефекти на вода и струја

Денес е четврток, 12 јануари 2017 година, 12-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:54, а ќе зајде во 16:29 часот. Денот ќе трае 9 часа и 35 минути.

Уште едно студено утро е пред нас. Во утринските часови имаме претежно ведро и студено време со утрински температури кои се под просекот за овој период. По котлините имаме појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне.

Според информациите добиени од скопскиот аеродром, сите летови утрово се реализирани според планирана динамика. Доцнење е регистрирано при полетувањето, но тоа е во границите од десет до петнаесет минути.

Од ЕВН Македонија АД, добиено е известување дека поради закажани технички зафати во системот, на ден 12.01.2017 год. (четврток) без електрична енергија ќе останат:во време од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од ул. Никола Тесла зграда број 8 влез 1 (опш. Карпош) и во време од 09.30 до 14.00 часот, корисниците од село Грчец (опш. Сарај).

Од ЕВН Македонија АД, добиено е известување дека поради закажани технички зафати во системот, на ден 13.01.2017 год. (петок) без електрична енергија ќе останат: во време од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Струмјани бр. 30  и ул. Козле бр. 83 и бр. 85. ( општини Ѓорче Петров и Карпош )

Од ЈП Водовод и канализација нема известување за прекин во водоснабдувањето.

Според информациите од АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица. Снег со слаб интензитет провејува во Делчево, Крива Паланка и Маврово.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.       

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ги предупредуваат пешаците одговорно и безбедно да се однесуваат во сообраќајот и да ги почитуваат останатите учесници.