Утрински поглед на Скопје: Состојба со сообраќајот, дефекти на вода и струја

На патниот правец  Кичево – Охрид, после планинскиот премин Пресека кај с. Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање), денеска сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 13:00 и 16:00 часот околу 15 – 20 минути.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. 

 Сообраќајот на патниот правец  Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува преку градот Битола. 

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

Поради оштетување на мостот на автопатот  Градско - Неготино кај Стоби на река Црна. Десната лента се затвара за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e содветна сигнализација. 

Железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат целосна исплата на јануарската плата.

Како што информираат од Железничката станица во Скопје,  и денеска не сообраќаат патничките и товарните возови.

Без електрична енергија поради закажани технички зафати во системот денеска ќе останат делови од скопските општини Карпош, Центар и Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Варшавска, Париска и Букурешка, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од Булеварот  „Партизански Одреди“ бр 99 и Универзитетот за туризам, од 10:00 до 13:30 часот корисниците од дел од Бул. „Митрополит Теодосиј Гологонав“ од бр. 1 до бр. 98 и делови од улиците „Осло“ и „Бањалучка“, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Ринхини Франц Розман“ и „Езерци“ и од 11:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. „Стогово“, во Општина Карпош.

Во Општина Центар од 8:00 до 10:00 часот без струја ќе останат жителите од малите броеви на ул. „Козара“, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Партениј Зографски“ бр. 44 и 48 и Бул. „Тодор Александров“ 5, 7 и 9, од 9:00 до 10:00 часот корисниците од Бул. „Тодор Александров“ – од Тасино Чешмиче до училиштето „Кочо Рацин“ и од 9:00 до 12:00 часот корисниците од ул. „Васил Ѓоргов“, во околината на објектот на Жито Лукс и околните улички.

Во Кисела Вода од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Св. Наум Охридски“ и „Ениџевардарска“, а од 9:00 до 11:30 часот корисниците од ул. 1438 и ул. 1439 вом населбата Пинтија.

Од Водовод известуваат дека на ден 22.02.2017 поради уличен дефект од Ф-250мм во Касарна Илинден кај Расадникот во населба Топана, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.М.К.Бригада ул.9 и ул.11и дел од Касарната Илинден од 08:20 часот до санирање на дефектот.

Телефон за инфотмации: 023073010.