Утрински метеж во Скопје: Сообраќајот парализиран поради „Диво Насеље“

Утрински метеж и сообраќајна гужва на улиците во Скопје. Ваква слика пренесуваат скопјани на социјалните мрежи.

Најголема гужва е забележена на: обиколницата околу Скопје - кај влезот во градот, булеварот „Партизански Одреди“, булеварот „Александар Македонски“, булеварот „Јане Сандски“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Надовор од градот, сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.