Утре завршува #ФотоНаНеделата

Утре завршува #ФотоНаНеделата Проектот организиран од мобилниот оператор ОНЕ, со цел промоција на македонската Instagram заедница завршува утре со финална изложба во кафе-барот „Concept 37“. 52 недели, 10 члено жири одбираше најдобра фотографија на неделата.

За да се квалификува извесна фотографија, доволно беше само да се означи со хаштагот #ФотоНаНеделата. Утревечер, со почеток од 20:00 часот ќе бидат прогласени главните победници на натпреварот од изминатите година дена. Целата инстаграм-приказна и победниците можете да ги видите на блогот на настанот: fotonanedelata.mk