Утре во Вип Арена „Борис Трајковски“ голем концерт на Владо Јаневски

За утре е најавено голем музички концерт на македонската легенда Владо Јаневски. 

Поп-пејачот ќе има концерт во Скопје по повод 25 години кариера.

Концертот е закажан во Вип Арена „Борис Трајковски“.

Имено, славеничкиот концерт требаше да се одржи лани на 1 јуни на стадионот на АРМ, во организацијата на „Авалон“, но беше одложен заради здравствени причини, а се одржа оној во јули во Охрид, кој помина навистина одлично.

Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а влезниците се продаваат по цени од 500 до 1.400 денари.

Популарниот музичар неодамна го објави и својот нов сингл насловен „Откако си негова“.