Утре во ДИК со ждрепка ќе се утврди редоследот на гласачкото ливче

Претседателот на ДИК соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе се утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори кои се закажани за на 21 април.

Тој потврди дека до комисијата стигнале три кандидатури и сите биле доставени од група избирачи со мининум 10 илјади потписи и додеаде дека кандидатите би требало да се воздржат од јавни настапи до почетокот на кампањата.

Денеска во Државната изборна комисија беа доставени потписите за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и коалициите, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, а претходно беше поднесена и кандидатурата за Блерим Река.