Утре стартува културно лето „Три круши 2016“

Кисела Вода по 11-ти пат ќе го реализира културниот проект „Три круши 2016“ во рамки на проектот Програма за култура 2016.

Програмата ќе се реализира во с.Драчево во верско-рекреативниот центар Три круши со почеток од утре, а ќе трае преку целиот месец јули. 10 културни настани, сите со почеток од 20:30 часот ќе ја одбележат овогодинешната програма.

Деталниот распоред на настаните е следниот:

01.07.2016 (петок) со почеток од 20:30 часот на локација Три Круши – свечено отворање со целовечерен концерт на етно групата „Љубојна“

02.07.2016 (сабота) театарска претстава од ДрамскиТеатар „Чолак “

08.07.2016 (петок) целовечерен концерт на Александар Тарабунов

09.07.2016 (сабота) целовечерен концерт со Кате и “Нели ти реков”

15.07.2016 (петок) целовечерен концерт на народна музика со музичката група  „Фортуна“.

16.07.2016 (сабота)  хумористична театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски

22.07.2016 (петок) целовечерен концерт на Сузана Спасовска и група “Академци”

23.07.2016  (сабота) целовечерен концерт на Верица Пандиловска

29.07.2016 (петок) -  целовечерен концерт на КУД „Китка“

30.07.2016 (сабота) Свечено затворање на Културно лето Три Круши целовечерен концерт на Наум Петрески

На настаните поканети се сите жители на Општина Кисела Вода и Град Скопје.