Утре приградската линија 66А ќе сообраќа со изменет режим

Во петок (19.07.2019 год) линијата 66А (Транспортен центар-Дељадровци) во терминот во 10 часот ќе сообраќа скратено, односно до Миладиновци, наместо до крајната станица во Дељадровци.

Во обратна насока, автобусот наместо во 11.10 часот од Дељадровци кон Транспортен центар, ќе сообраќа од Миладиновци во 11.20 часот.

Изменетиот режим на сообраќање е поради интерактивната вежба за заштита и спасување „Заеднички договор 2019“, поради што ќе бидат затворени одредени делници.