Утре половина Скопје без струја - еве ги деталите

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека за ден 15.05.2020 год. (петок) планирани се повеќе технички зафати во електро-системот во градот Скопје.

– од 07:50 до 15:30 часот, корисниците од улиците: Македонско Косовска бригада, Св. Прохор Пчински, Методија Митевски, Аугуст Цесарец, Никола Грчето, Никола Малешевски, Ѓорѓи поп Христов, Благоја Паровиќ, Стојко Јовановски, Пере Тошев, Македонски кралеви и Комунална хигиена. (општина Чаир);

– од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од Булевар ВМРО бр.3, (зградата кај УНИКА спроти Телеком) и Булевар Илинден б.б. (општина Центар);

– од 08:45 до 12:00 часот, корисниците од селата: Кучевиште, Побожје, Мирковци, Бродец, Брест, Малино и Танушевци. (општина Чучер Сандево);

– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Дренак. (општина Кисела Вода);

– од 09:30 до 12:30 часот, корисниците ул. Тодор Чангов, (делот кај Пелагонија) односно улиците со непарен број од бројот 35 нагоре. (општина Аеродром);

– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Црешево ул. Со број 3 (главната улица до мостот) и дел од патот кон село Виниче. (општина Гази Баба);

– од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од село Љубин. (општина Сарај);