Утре под мотото „Возиме кон иднината“ ќе се одржи „Ролеријада 2019"

Под мотото „Возиме кон иднината“, утре 17 април (среда), во 12 часот по осми пат ќе се одржи Ролер трката.

Стартната позиција ќе биде на бул.„Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на бул. „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

Со мислата во здраво тело, здрав дух, Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје сакаат да ги анимираат нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која стана традиционална, а од година во година и се помасовна. Учесници се деца од 30 и повеќе основни училишта од градот и од околината.

На РОЛЕРИЈАДАТА ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во женската и во машката трка.