Утре официјално отворање на Изложбениот центар „Матка“

Утре ќе биде официјалното отворање на Изложбениот центар „Матка“. Центарот се наоѓа на локацијата на една од најстарите хидроцентрали во нашата земја – Хидроцентралата Матка, информираат од ЕВН.

На настанот присутни ќе бидат Членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија, ректори и декани на универзитетите во Македонија, директори на основни и средни училишта, претставници на локалната власт и на други јавни и научни-образовни институции.

Свеченото отворање ќе се одвива утре во 12:30 часот.