Утре од 11:30 часот ќе се садат дрвца кај ОУ Ѓорѓија Пулевски во Аеродром

Утре пред основното училиште  „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром во 11.30 часот започнува акција за засадување на дрвја.

Како што информираше градоначалникот, општината оваа година го зголемила буџетот за нови садници и ќе бидат засадени 3.300 дрвја на различни локации низ општината.

Аеродром ги повика сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.