Утре ќе се сечат дрвја во Центар поради изградба на улица

На барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ утре ќе исечат четири дрвја на улица Козара на просторот меѓу улицата Васил Ѓоргов и градинката Кочо Рацин.

На овој простор ќе почне изградба на Новопроектирана улица 2 дел од улица Васил Ѓоргов, информираат од Градот.