Утре ќе се разговара за отворањето на границите

Утре на Комисијата за заразни болести една од главните теми ќе биде и отворањето на границите. Ова за ТВ21 го потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Засега не се споменуваат датуми, а минатата недела Филипче неколку пати истакна дека е рано за отворање на границите.

Од соседните земји, Албанија од 1. јуни ги отвора границите за Македонија, додека Србија веќе ги отвори.

Покрај тоа, утре на Комисијата може да стане збор и за отворањето на угостителските објекти кое беше најавено за оваа недела.