Утре и задутре гледајте филм на отворено во Градскиот парк

„Господ постои, името и е Петрунија“ и „Џган“ се двата македонски филма што граѓаните ќе можат бесплатно да ги погледнат во киното на отворено,  во Градскиот парк, како дел од програмата на Самрленд 2019.

Проекцијата на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ е закажана за утре (18.07.2019 година, четврток) во 21 часот. Филмот „Џган“, пак, граѓаните ќе можат да го погледнат во петок (19.07.2019 година) во 21:30 часот. Во паркот се наместени меки фотелји, а посетителите може да си понесат и камперски столчиња, ќебиња, храна и пијалаци.

Убавата приказна на концептот „Градски летен парк“ почна во јуни 2018 година со проекциите на отворено на „Исцелител“ и „Avec l`amour“, а продолжи во септември со прикажувањето на „Ирационален човек“ и на „Големата убавина“. Бесплатните филмски проекции привлекоа стотици посетители во Градскиот парк и ја збогатија летната културна понуда. Град Скопје, МКЦ и кино „Милениум“ и овој пат ветуваат забавни филмски вечери на отворено, со добри филмови.