Утре е „Ден без автомобили“ – во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Утре со почеток од 11.00 часот, во организација на град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, ќе се одржи велосипедско дефиле под наслов: „Ден без автомобили“, со кое ќе се  одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас.

Трасата на движење на ова дефиле почнува од паркот „Ибни Пајко“, потоа по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булеварот „ВМРО“, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по булеварот „8-ми Септември“ и десно по булеварот „Илинден“ до Градски парк (Школка).

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.