Од 8:30 до 11:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Иван Аговски“ бр.1 во општина Карпош, а од 8:30 до 15:30 часот корисниците од улиците „Дренак“, „Невена Ѓоргиева – Дуња“ и „Балзакова“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 15 часот без снабдување со струја ќе останат корисниците од викенд населбата Морани во општина Студеничани и од улицата „Партение Зографски“ бр.20, 22, 24, 26, 28, 30 и дел од улицата „Востаничка“ бр.1 во општина Центар. Дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај ќе бидат без струја од 9:30 до 15 часот.