Без струја утре од 09:05 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од  дел од село Волково, во околина на обиколница, во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради технички зафати во електро-мрежата.

Без електрична енергија од 09:30 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од улица „Горно Лисиче“ кај каналот на влез во село Горно Лисиче, улица „Божидар Рајковиќ“ и „Ѓ.А.-Кун“ кај каналот, објектот на железници-спроти ОХИС во село Горно Лисиче како и делот кај расадникот Цветан Димов во село Горно Лисиче, во општина општина Аеродром.

Во периодот од 12:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улица „Тодор Чангов“ подулица број 51, додека од 08:30 до 11:00 часот и корисниците од улица „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ и делови од улиците „Горно Врановска“ и „Горно Лисиче“, во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 11:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Горно Лисиче“, околните објекти кај број 52, а од 09:00 до 11:00 часот и корисниците на дел од улица „Тодор Чангов“, во општина Аеродром.