Утре без струја делови од неколку скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре (среда ) без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

• од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од с. Кондово, ( општина Сарај ), како и с. Кучково и с. Грачани. ( Општина Ѓорче Петров )

• од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. Прашка. ( Општина Карпош )

• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Трифун Хаџи Јанев бр. 5, бр. , бр. 8 и бр.1 0, ул. Лазар Поп Трајков бр. 17 и ул. 16 Македонска Бригада бр. 4. ( Општина Гази Баба )