Утре без струја делови од Аеродром и Ѓорче Петров

Поради закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат делови од општината Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК.

Во период од 09.00 – 15.00 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите од булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „АСНОМ“ во општина Аеродром, како и дел од село Волково, објектите кај црквата на пат кон село Кучково во општина Ѓорче Петров.