Утре без струја делови на Карпош и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 08.30 до 10.30 часот, корисниците од улиците „Роберт Кох“ бр.1, „Драгиша Мишовиќ“ бр.5 и бр.7, „Карпошово Востание“ бр.4 и бр.8, „Огражден“ бр.97, „Никола Русински“ бр.4 и објектот на детската градинка „Орце Николов“. ( општина Карпош )

во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. „Лука Геров“ – подулици бр.17 и бр.19. ( општина Ѓорче Петров )

во периодот од 11.30 до 13.00 часот, корисниците од улиците „Милан Поповиќ“, „Мирка Гинова“, бул. „Илинден“ бр.97 и објектот на детската градинка „Росица“. ( општина Карпош )

во периодот од 13.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. „Орце Николов“ бр.155 и бр.156. ( општина Карпош )