Утре Бени Нон Стоп, Биоритам и Анастасија Петреска ќе одржат концерти во паркот „Шопен“

Љубителите на добрата македонска музика утревечер од сцената во паркот „Шопен“, во Кисела Вода ќе имаат можност да ги слушнат популарните хитови на Бени Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска.

„Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ и оваа сабота, на посетителите на месноста „Три Круши“ ќе им понуди одлична забава со познатите музички имиња Миле Кузмановски, Силви Бенд и Сузана Спасовска. Музичката програма и на двете локации е со почеток во 20:00 часот.

Минатиот викенд, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски го прогласи културното лето за отворено. Тогаш публиката на „Три круши“ ја забавуваа Ефто Пупиновски, Дани Димитровска и КУД „Китка“ од Драчево.