Усвоени дел од законите кои Иванов одбиваше да ги потпише

Собранието на седница усвои три закони кои биле вратени на парламентот затоа што поранешниот шеф Ѓорге Иванов одбиваше да ги потпише.

Како што е познато усвоени се законот за Судски совет на Република Северна Македонија, Законот за пристап до информации од јавен интерес, како и Законот за инспекциски надзор.

Тоа се закони кои беа усвоени во Законодавниот дом, но не можеа да стапат на сила бидејќи не ги потпишуваше Иванов, наведувајќи дека нема да потпишe ниеден закон со новото име на земјава.

Иванов, чиј втор мандат заврши минатата недела, одбиваше да ги прифати уставните измени и новото име на државата согласно одредбите од Преспанскиот договор и врз основа на тоа, по почетокот на примената на новото уставно име, одбиваше да ги потпише актите и законите со новото име на земјата.