Уставниот суд поделен во врска со поставувањето на крстот во Бутел

Ниту денес Уставниот суд не успеа да донесе одлука воврска со поставувањето на 55-метарскиот крст на кружниот тек во скопската населба Бутел. Предлогот за оценување на уставноста, како што е познато, го поднесе струшкиот градоначалник Зијадин Села. На денешната седница беа присутни 8 судии кои гласаа изедначено односно, 4 за и 4 против, со што по трет пат се одложува донесувањето на финална одлука.

Поставувањето на крстот предизвика тензии на меѓуетничко ниво откако наиде на силен отпор кај сограѓаните Албанци. Советниците од ДУИ и некои граѓански здруженија организираа протест на кој ги демолираа претходно поставените темели за крстот и направија штета палејќи го зеленилото на кружниот тек. Крстот инаку би бил донација од страна на Светскиот македонски конгрес. Претседателот на СМК, од истите причини и беше физички нападнат во една скопска кафеана. Албанците кои се застапени со една четвртина од вкупното население во Општина Бутел силно реагираа на неприменување на Бадинтеровото правило при донесување на ваков вид одлуки.