Успешно заврши Еуролинк летната балетска школа

Вчера, на 17 јули се одржа завршниот час на Летната балетска школа организирана од страна на Еуролинк осигурување. Балетската школа започна на 26 јуни и во текот на три недели младите учесници, ги изучуваа вештините и основните техники на класичниот балет.

Летната балетска школа помина со многу забава, а на завршната претстава која беше направена со многу труд и љубов, учесниците презентираа што сé научиле последните три недели пред своите најблиски.

Еуролинк заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници им додели сертификат за успешно завршена балетска школа со надеж дека традиција и љубовта кон балетот нема да завршат тука, и ќе претставува дополнителен мотив во нивната идна професионална определба.

Овој проект е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“.

Се гледаме следната година во нова балетска приказна.