Успешните луѓе се водат според правилото од 5 часа!

Кога ќе помислиме на луѓе како Бил Гејтс, Опра Винфри, Елон Маск, веднаш помислуваме на успешни луѓе. Освен тоа што се успешни, она што е заедничко за сите е тоа што сите се водат според правилото од 5 часа!

Доколку го следите и вие, можеби ќе ви помогне при остварување на вашите цели.

Правилото е многу едноставно: Секој работен ден издвоете еден час (1 час + 5 работни дена = 5 часа) и тој час посветете го на вежбање и учење. Вклучете каква била активност од типот на читање, учење или интелектуална стимулација – каква било активност која ќе ви помогне да напредувате и да се надградувате во полето во кое сакате да напредувате.

Има две причини поради кои ова правило е толку успешно. Прво, преработувањето не е исто како и паметно и мудро работење. Мудрото работење значи да одвоите малку време да учите наместо да правите. Ова ќе ви помогне да се фокусирате на долгорочно самонадградување. Дали навистина мислите дека фактот дека Бил Гејтс чита 50 книги годишно е директно поврзано со неговите дневни проекти и обврски?

Второ, ништо не може да ја победи експертизата. Фрлајќи се во „оган“, откривајќи ги работите како што доаѓаат е супер, но нема замена за старата добра експертиза. Сите успешни луѓе се како жива енциклопедија во она што го работат, но тие посветуваат многу време во учење на работите што им се важни за работата.

Пет часа, три начини

Успешните луѓе се делат на три групи врз основа на тоа како ги трошат своите пет часа. И врз основа на тоа има три начини како да ги потрошите тие 5 часа:

  • Читање. Покрај Бил Гејтс, страсни љубители на книги се Опра Винфри, Обама, Марк Зукенберг, итн.
  • Размислување. Ова можеби делува како еден час неправење ништо, но одвојувањето време да размислите за вашата работа и делување всушност помага при подобрување на нивото на вашето работење. Познатиот бизнисмен Тим Армстронг има навика заедно со целиот свој тим да одвојува 5 часа неделно за размислување.
  • Експериментирање. Не ги отфрлајте идеите додена не се обидете  да ги остварите. Бенџамин  Френклин и Томас Едисон постојано експериментирале и ризикувале. Компании како Гугл и Мајкрософт им даваат време на своите вработени да експериментираат со своите идеи.