Уште три лица хоспитализирани на Инфективна

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќање… Тие заедно со четворицата кои без хоспитализирани со истите симптоми на Клиниката се со полесна клиничка слика.

Во меѓувреме се уште се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.