Уште едно новороденче почина на скопска гинекологија

Новороденче пред два дена починало на скопска Гинекологија, пренесува телевизија 24Вести.

Од Гинекологија велат дека се работи за предвремено родено бебе кое било со тешки респираторни проблеми.

-Мајката на бебето имала 16 години и била бремена со близнаци. Другото бебе е на Одделот за интензивна нега, но надвор од животна опасност, пренесува телевизијата.